Една од елементите на бизнис планот е SWOT-анализата.
SWOT- анализа е метод на стратешко планирање, кој се користи за проценка на предностите, слабостите, можностите и заканите, вклучени во некој проект или бизнис потфат. Тоа вклучува одредување на целта на бизнис потфатот или проектот и идентификување на внатрешни или надворешни фактори, поволни или неповолни , за да се постигне целта. Оваа техника му се припишува на Алберт Хамфри, кој водеше конвенција на Универзитетот Стенфорд во 1960-тите и 1970-тите, користејќи податоци од годишната листа на “Форчн” на 500-те најголеми американски корпорации.
SWOT анализата прво мора да започне со одредување на посакуваната крајна состојба или цел. SWOT анализата може да биде вклучена и во моделот на стратешко планирање. Стратешкото планирање беше предмет на многу истражувања.
- Предности: карактеристики на бизнисот или тимот кој стекнал предност над другите во индустријата.
- Слабости: се карактеристики кои ја ставаат фирмата во подредена улога во однос на другите фирми.
- Можности: надворешни можности за поголема продажба или профит во опкружувањето.
- Закани: надворешни елементи во опкружувањето кои би можеле да предизвикаат проблеми за бизнисот.
Целта на секоја SWOT анализа е да ги идентификува клучните внатрешни и надворешни фактори, кои се важни за постигнување на целта.Тие произлегуваат од уникатниот вредносен синџир на компанијата. SWOT анализата ги групира клучните информации во две главни категории :
- Внатрешни фактори - предностите и слабостите кои ѝ се познати на организацијата.
- Надворешни фактори – можностите и заканите кои и се презентираат на организацијата од страна на надворешното опкружување.
-
Пример за SWOT анализа
- Универзитет "Гоце Делчев" - Штип